
Земјоделието е опасна работа, нема млади, нема народ, нема побарувачка, велат продавачите на пазарот во Облешево. Свињите се уништија, крупен добиток нема на продажба, останаа само тезгите со овошје и зеленчук, но побарувачка нема. Велат по цел ден продаваат, а на крајот од денот заминуваат со едвај 500 денари. Дополнително веќе нема ниту сточен пазар, продавачите се загрижени за сопствената егзистенција, бидејќи расте цената на се, а нивните производи стојат непродадени.
„Слабо, нема народ, опасна работа е земјоделието, купци нема, народ нема, младина нема, се стари, само стари работат. Сточниот пазар, стоката, свињите ги истепаа, крупна стока не дозволуваат да се продава и пазарот се запусти. Како да не постое. Без стоката ништо не бива.“
И народот нема пари, затоа и побарувачката е слаба. Храната за добитокот стои во амбарите и скапува, добиток не е дозволено да се продава како претходно, па согласни се дека ситуацијата е повеќе од тешка.
Лаура Стојанова М-Нет