Сточарите во штипско преземаат мерки: Нема мешање на стада и влез на гости во фармите

Да не се мешаат своите овци со комшиските овци и да не се пуштаат луѓе во фармите, за да не дојде до појава на болеста овча сипаница, советува овчарот Бајрам Омер од с. Лакавица, штипско. Омер тврди дека овча сипаница засега во штипско нема, но смета дека мора да се преземе нешто за да не дојде до ширење на болеста. Како што вели тој, појавата на оваа болест значи целосно уништување на добитокот.

,,Кај нас нема уште во нашиот крај. Како што кажуваат на другите места страшно било, страшна болест. Кај нас нема нели, во нашиот крај не сме ни имале. Кај нас е чисто. Mора да се униште за да не се рашире болеста. Тоа нели мора така да биде оти ако се рашире низ цела држава уште полошо ќе биде. A вака нели уништува, ми8слам дека државата ја уништува и така. Кочани мислам дека сме чуле. Kaj нас во штипско не сме слушнале, мислам дека никаде нема“, рече Омер

Омер додава дека овој период ниту купуваат, ниту продаваат овци, смета дека тоа е најдобрата одбрана во овој период.

,,Да ви кажам кај нас ние од сточари земаме млека и нема да се јави. Кај нас во фармите не пуштаме никакви луѓе, мислам гости, никакви луѓе. Исто правеме, не одеме со пашата, не одеме блиску со други комшиски стопани или комшиски овци. Ако ние бидеме вака нема ни да има кај нас. Не купуваме, не продаваме. Така е, сега се бранеме.“, кажа Омер

Инаку, во источниот дел на Македонија, неодамна се појава овча сипаница и во кочанско.

Ева Тушевска, М-Нет