
Болки во желудникот, гадење, мачнина и течна столица сe почесто се јавуваат како дел од симптомите на сезонскиот грип и ковид-19. Лекарите предупредуваат дека инфекциите не мора секогаш да започнат со кашлица, мускулна болка или покачена температура, туку кај дел од пациентите првично се манифестираат со гастрични тегоби. Со текот на развојот на болеста, симптомите можат да се испреплетуваат, особено во период кога истовремено циркулираат повеќе вируси.
,,Болки во желудникот, гадење, мачнина, некој и со течни столици, може да има и феприлност, малаксаност, намален апетит, така да оди во склоп со симптоматологиите кои што владеат во периодов. Се уште е присутен ковид, кој што веќе мутиран и сме навикнати така да живееме, така да понекогаш симтоматологијата се испреплетува, доста често кај пациенти кои што ги иследуваме, дел имаат излорани атено вируси, така да понекогаш симптоматологијата се испреплетува и не секогаш грипот се манифестира со кашлица, мускулна болка, покачена телесна температура. Може би на почетокот се овие симптоми, мегутоа со текот на еволуцијата на болеста до доагање на манифестација на гастрични тегоби.“, вели Митрова
Доколку ситуацијата се влошува, а болката е се посилна, д-р Митрова апелира пациентите да ги посетат своите матични лекари, со цел да се спречи оваа состојба, која може да предизвика доста последици. Посебно апелира да не се зимаат антибиотици на своја рака, бидејќи истите не влијаат на вирусот.
За ваквата ситуација според лекарите е дозволено само пробиотик, електролити, лесна храна, мирување, топли наптиоци, а потребно е време додека грипот целосно исчезне.
Иван Митев, М-Нет