Одземени автомобили на двајца возачи од Штип и Свети Николе, едниот бил пијан, другиот возел со забрана

Одземени автомобили на двајца возачи од Штип и Свети Николе, едниот бил пијан, другиот оти возел со забрана. И двајцата се приведени, а ќе бидат поднесени соодветни пријави.

„Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија.

Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.“, велат од МВР

Од таму апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонат за побезбеден сообраќај.

Иван Митев, М-Нет