Стенд-ап артисти од Србија и БиХ ја забавуваа штипската публика

На 11.08.2021, во локалот Coffee Lab Штип, од 21 часот настапуваа стенд-ап артисти од Србија и Босна и Херцеговина. Ана Златановиќ и Јелена Мандариќ, заедно со Јагода Јовановиќ се дел од стенд-ап групата ЖКП – ЖЕНИТЕ КОИ ЗБОРУВААТ, а Хазим Мујчиновиќ е актер, стендап комичар, радио и телевизиски водител и шоумен. ЖКП се за првпат во Македонија, а Хазим е овде по втор пат. Дошол пред пандемијата да биде во својот полн ек.

Во таа прилика тие за камерите на МНет Телевизија зборуваа за своите почетоци.

„Во 2013 отидов на фестивал кој го организираше сајтот стендап.рс. Таму победив и така некако започна. Првите години се соочив со катастрофи, а потоа тргна на подобро. Ете, сè уште се занимавам со тоа, да чукнам во дрво. Ќе видиме како ќе помине овој настап. И, да, тоа е тоа. Така почнав.“

„Јас својата кариера ја започнав во 2014 или 2015 година во Загреб. Мене ме препозна Марина Орсак. Таму беше и фестивалот. Отидов, настапив, победив и потоа сè тоа си продолжи по свој тек. Се вратив во Белград, сега сум овде и така.

„Мојата кариера започна кога бев многу мал. Јас сум актер од мали нозе, сакав и станав глумец, дипломирав на академијата. Потоа со академијата глумев во филмови, серии, театарски претстави, работев на радио, во телевизија. Бев државна фаца. Потоа сфатив дека постои стенд-ап, потоа пробав и ми се допадна и еве ме и во стенд-ап. Па, ете, тоа трае веќе со години.“

Артистите истакнаа дека им е особено драго што настапуваат овде, но и што воопшто имаат настапи. Како и во секоја област, така и во нивната работа пандемијата создала пречки, дури уништила сè што имале планирано. Јелена беше оптимистична за настапот и рече дека и’ се допаѓа овде во Македонија. Со оглед на тоа што вие Македонците се познати како весел народ, се надевам дека ќе се смеете, посочи таа. Хазим, пак, имајќи предвид дека претходно настапувал овде рече дека е задоволен од реакциите на публиката.

„Сега сме овде. Јас имав минатата вечер настап во Скопје, тоа беше баш добро за еден таков дипломатски кор и така, баш беше супер. Вечер настапуваме заедно и ќе биде одлично, ви ветувам.“

Инаку, тие како артисти се успешни во својата работа. Хазим е актер и во многу театарски претстави и филмови. Ана завршила факултет за безбедност. Во животот прво била сè друго, за на крај животот да ја воведе во стенд – ап. Јелена, пак, се обидува да ги посочи сите комични елементи на штета на својот карактер, изглед, идиосинкратични одлики на целата своја личност. Тие на публиката и’ ветуваат многу силен хумор, а до 15 август нивниот настап можете да го проследите и во Куманово, Пробиштип и Скопје.

Ребека Спасова МНет