
По расчистувањето на, како што посочи директорот на ЈП „Исар“, неуспешната и незавршена работа на ВМРО ДПМНЕ, од таму излегоа со реакција. Тие посочија дека директорот, очигледно, не ја разбрал суштината на нивната акција. Го поттикнаа добро да се запознае со обврските од програмата по која треба да работи ЈП.
„Директорот, очигледно, не ја разбрал поентата! ВМРО ДПМНЕ ги чистеше остатоците од дворот на Градоначалникот, а не спроведуваше акција за собирање на отпадот од градот.Тоа е основна дејност на јавното претпријатие, за која граѓаните си плаќаат редовно секој месец. Затоа, Магистерот за безбедност да не ја манипулира јавноста, да не се фали со слики од собрано ѓубре и да се запознае со програмата за работа на ЈП Исар… “ – напишаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Тие упатија апел до ЈП да си ја врши својата дејност, бидејќи така ВМРО ДПМНЕ нема да има потреба да излегува на терен и да дозавршува туѓи обврски.
Ребека Спасова МНет