
Уште шест кола до крајот од сезоната во Првата женска фудбалска лига, останува дилемата која екипа ќе испадне директно, а која ќе игра бараж за опстанок. Кочани или Топ Гол од Битола – меѓу овие две екипи е трката за кој да игра бараж за опстанок односно да не испадне директно во Втора лига.
Во следното 22 коло Кочани го очекува тежок меч против Скопје каде тешко дека може да има изненадување, а пак Топ Гол ќе игра против Тиверија Брера на домашен терен каде исто така тешко би можело да има изненадување.
Во 23 коло Кочани ќе гостува кај Вардар каде има реални шанси за освојување на бодови, а Топ Гол ќе гостува кај новиот шампион Скопје, каде бодовите ќе биде тешко да се освојат.
24 коло носи можност за бодови за тимот на Топ Гол кој ќе игра против Вардар на домашен терен, а пак Кочани ќе игра против Речица на домашен терен, шанси и за тимот на Кочани за бодови. Барем гледајќи по квалитетот на екипи.
Кочани во рамки на 25 коло ќе гостува во Струга каде ќе игра против Ас Јунајтед, каде разликата во квалитет е голема и ќе биде чудо ако Кочани освои бодови, а пак Топ Гол ќе гостува кај Речица во обид за изненадување за бодови.
Претпоследното 26 коло носи директно дерби на Топ Гол и Кочани кое ќе биде пресудно меѓу двете екипи, во трката да се избегне последното место.
А во рамки на последното 27 коло Кочани ќе има тешка задача против Каменица Саса на домашен терен, а пак Ас Јунајтед ќе го пречека Топ Гол. Можеби веќе оваа коло и нема да биде пресудно, а можеби и ќе одлучи дали Кочани ќе игра бараж или Топ Гол односно дали Кочани експресно ќе испадне во Втора лига или пак Топ Гол како пред две сезони преку бараж ќе ја спасува сезоната ако го добие истиот за опстанок во Прва лига.
Овој викенд нема прволигашки фудбал кај дамите поради репрезентативната пауза.
Александар Ванев, М-Нет