Старото корзо во Штип се збогати со нови шест садници јапонска цреша

Старото корзо во Штип добива нов изглед. Просторот кај ОУ „Ванчо Прке“ Штип, кој за штипјани преставува култно место ќе биде збогатен со нови садници. Денеска се засадија шест садници јапонска цреша кои Општина Штип ги доби како донација од општествено одговорна компанија. Градоначалникот Јорданов истакна дека во градот ќе порасне бројот на садници на повеќе локации со што ликот ќе се промени како во централното градско подрачје така и во останатите места во Штип.

„Добивме како донација шест садници јапонска цреша кои денес се засадени. Нашата идеја е оваместо, овој мини парк да добие нов лик. Се надевам дека ова нема да биде единствен чекор во зголмување на бројот на садници“ – вели Јорданов.

Задоволен од реализација на вакавата идеја е и директорот на Основното училиште Ванчо Прке. Вели дека идејата најпрво потекнала од еколошката секција при училиштето со што поубав лик добива и просторот надвор.

„Една убава идеја која потекнува и од нашата еколошка секција при ОУ Ванчо Прке. Овој парк кој е во центарлното градско подрачје да добие нов лик.“ – вели Радев.

Во садеењето на дрвцата се вклучени и учениците и понатаму тие ќесе грижат за самите садници.

Лаура Стојанова М-Нет