
Цените на јачменот и пченицата катастрофални, трошоците за производство големи, се помалку земјоделци од под 40 години работат земјоделие. Но, и покрај се, не се губи надежта во Македонија да продолжи да се произведува и да се егзистира од земјоделство. Денеска пред село Долни Балван се одржа настан во кој на земјоделците од штипскиот, кочанскиот и велешкиот регион и се презентираа повеќе врсти на пченица и јачменк кои во годините нанапред би можеле да се најдат по нивите во државата.
„За жал оваа година да не речам цените се катастрофални и на јачменот и на пченицата. Јас мислам дека и пченката нема да помине добро. Овде влијаат и многу работи, младите ни бегаат, се помалку земјоделци има под 40 години, не ги задржавме младите задаго задрижме и нашето производство тука“ – вели Николов.
На настанот имаше преставници и од други држави кои правејќи разликамеѓу поризводството во Македонија и Хрватска например истакнаа дека се бараат исти сорти и на двата пазари.
„Ако зборуваме за пченицата и јачменот можеме да кажеме дека држеме високо место напазарот во Хрватска и имаме долгогодишна работа со напшите сорти и на пазарот во Македонија. Имаме повеќе сорти кои сеприфатени кај вас на пазаро и воглавно истите сорти се бараат и во Хрватска и во Македонија. Стандардна и најпродавана сорта во регионот е сортата кралица. Она што ние го сакаме е на вакви настани како што е овој денеска да ги запознаеме произведувачите со придобивките од разните сорти“ – вели Андриќ.
Земјоделците и понатаму се децидни дека земјоделството умира и тешко се егзистира од истото. Причина за вакавата ситуација на терен се високите цени на репро материјалите, ниската откупна цена и немањето доволно работна сила.
Лаура Стојанова М-Нет