
Постојан пораст се бележи на цените за станбените површини. Според проценителите оваа цена за продажба на станови не е реална, оти не се следи тредот на инфлацијата, ттуку цените се „пумпаат“ нерелано. Но, од друга страна побарувачката за станови е многу голема и токму затоа расте и цената, и се додека има побарувачка ќе има и тренд на високи цени за да се купи стан. Глигор Ивановски вели дека промена може да се очекува само доколку се намали побарувачката.
„Цената со години наназад бележи пораст на станбената површина по метар квадратен и таа не е одраз на реалните пазарни движења. Порастот на цената на станбената површина треба да го прати порастот на инфлацијата.“ – вели Ивановски.
Проценителите велат дека согласно нивната методологија проценките на становите се од 850 до 900 евра за метар квадратен, но во реалноста оваа цена е 1200 евра за метар квадратен. Ваквата ситуација на терен се провлекува со години наназад.
„Според мене оваа цена не ја одразува пазарната,онаа цена која ние како овластени проценители ја утврдуваме за потребите на банките и останатите институции. Нашите проценки се релани и не можеме да дојдеме до проценка од 859 до 900 евра од метар квадратен, а во стартот гледаме дека становите се продаваат за 1200 евра за метар квадратен.“ – додава Ивановски.
Според Ивановски потребно е стабилизација на цените на станбените површини со цел да може да стан да купат и оние на кои навистина им е потребно.
Лаура Стојанова М-Нет