Становите во Штип со енормно високи цени, а листа на граѓани чекаат за да купат стан

Од 850 до 1100 евра за метар кавдаратен, во зависност од локацијата, се движат цените на становите во Штип. Во последните неколку години, продолжува тенденцијата да расте цената на становите, па токму затоа може да се забележи и градежна офанзива во централното градско подрачје, но и ов приградските штипски населби. Колку станот е со помал толку цената е повисока, оти поголема е и побарувачката велат од агенциите за недвижности.

„Ова се должи на трендот на вложување во недвижности, како и секаде низ светот овие години. А, како второ Штип е веќе универзитетски град, сега се оформува и овде вложуваат во цела држава и се бара стан повеќе.“ – вели Катарова.

И додека од една страна се бара стан плус, повозрасните штипјани на терен велат дека цените не се реални, па тешко младите кои работат овде можат да одвојат од своите примања за да вложат во недвижмости. Најголем дел од нив живеат во имот оставен од нивните родители.

„Потешко нема. Сега на овоа време да најдеш да купеш недвижен имот – тешко. Тешко и претшеко, посебно за младите работници со 20 000 денари примања. А, купуваат оние богаташите. Тоа е скапо, прескапо, нема шанси да земеш нешто да купеш, две собички да сакаш да направеш – не може.“ – велат граѓаните.

Има зголемен интерес и за кушување куќи велат од агенциите, ама овој процес оди малку побавно. Но, сепак од агенциите се децидни дека интересот за купување стан е многу поголем за разлика од интересот за купување куќа.

„Секоја куќа има своја приказна. Имаме поголем избор за куќи отколку за станови. Затоа можам да кажам дека колку згради и да се изградат секогаш ќе има недостиг на станови“ – додава Катарова.

Моментално има листа на чекање на граѓани кои се запишани и чекаат за да купат стан во Штип. Согласно барањата на граѓаните се потполнуваат листите за да можат заинтересираните да вложат во недвижен имот и да купат стан.

Лаура Стојанова М-Нет