Драги Герасимов – Пушка се закити со плакета за придонес во афирмација на спортот и спортското новинарство

Со него започна историјата на спортскиот телевизиски феномен Телевизија М-Нет. Тој беше првото лице и првиот глас кој преку М-Нет ТВ им го доближи спортот на гледачите, беше спортска енциклопедија, а неговите информации и коментари за спортските настани секогаш беа крајно објективни. Неговото знаење за фудбалот беше за секаква почит. Токму од оваа причина М-Нет го додели ова признание на нашиот прв спортски новинар, Драги Герасимов – Пушка.

„Историјата на спортското новинарство во М-Нет телевизија започна со Драги Герасимов Пушка, кој неуморно работеше да ги поддржи сите штипски спортисти. Кога Драги Герасимов – Пушка се пензионираше во најтешките спортски моменти за нас во М-Нет Телевизија дојде Тодор Јовановски, кој несебично ни помогна и ние неизмерно сме му благодарни, од неодамна дел од нашата телевизија е младиот и перспективен спортски новинар Александар Ванев. М-Нет Телевизија стана бренд во спортската јавност“, рече Благој Серсемов, управител на Телевизија М-Нет и претседател на Комисијата за избор.

Драги Герасимов во 2022 година ја доби и наградата од Општина Штип за најдобар афирматор на спортот и спортските активности во медиумите. Тој е човек кој најголем дел од својата професионална кариера ја помина на терен и известуваше за сите успеси, постигнувања, но и недостатоци на спортисти, клубови, здруженија и репрезентации.

Признанието кое вчеравечер го додели Телевизија М-Нет е повеќе од заслужено бидејќи Герасимов ја работеше својата работа со огромна љубов и ќе остане докажано најдобар во својата област.

Ребека Спасова М-Нет