Стабилна ковид ситуација во општините од Истокот, нема починати лица

Речиси идентична ковид ситуацијата во општините од Истокот. Според последниот извештај од штиспката болница во последните 24 часа новопримени се шест пациенти, испишани тројца. Според ова бројот на хоспитализирани е 29 на Инфективното одделение, нема пациенти на дневна амбуланта. Од хоспитализираните 18 лица имаа потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење. Вакцинирани се 17 пациенти, а слободни се 31 ковид кревет на Инфективното одделение. Нема регистрирано починати лица во изминатото деноноќие, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспиталзирани се само двајца ковд пациенти и двајцата се вакцинирани. Во последните 24 часа испишано е едно лице, новопримени нема. Слободни се 25 ковид кревети, информираат од болницата.

Во општините од Истокот моментално активни се 343 ковид случаи. Најмногу во Штип 113, во Делчево 72 и во Кочани 60. Единствено со едноцифрена бројка на активни овид случаи е Пехчево односно има заразени само пет ковид пациенти.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377.

Лаура Стојанова М-Нет