СДСМ Кочани: Мицкоски и Папазов во посета на капиталните проекти на СДСМ

Мицкоски и Папазов ги пофалија капиталните проекти на СДСМ и Николчо Илијев, стои во реакцијата од ОО СДСМ Кочани во врска со вчерашната посета. Од таму велат дека до вчера ги критикувале истите проекти, а денес зборуваат за квалитетот и значењето. Дополнително обвинија дека партиските агенди си ги вршеле во работно време, а придонесот бил само со празнење буџет и долгови.

„Претседателот на ДПМНЕ, Мицковски, кој пред два месеца жестоко критикуваше се што работеше тогашната локална власт, вчера (патувајќи по завршницата на брзиот автопат, направен од Централната власт и СДСМ), дојде во Кочани, за да ги поздрави и да го закити сегашниот опозициски градоначалник, Љупчо Папазов со истите. Заедно со Папазов, дел од локалниот огранок и армија новинари, излегоа на увид на градежни активности. Партиската агенда опозицискиот градоначалник Папазов, ја реализираше во работно време, кое требаше да го посвети за средба со граѓаните, но тие ќе почекаат. Се надеваме дека трудот, отчетот и работата на СДСМ, во кои и самите се уверивте и ги пофаливте при вашата посета, ве испратија дома со мотив и поттик за тоа како вистински треба и се гради и унапредува една општина.“ – додадоа од СДСМ.

Ребека Спасова МНет