
Со завршувањето на првото пријавување во јунскиот уписен рок во средните училишта, првичните податоци покажуваат солиден интерес кај идните средношколци. Во ДСУ „Коле Нехтенин“ во Штип се пријавени вкупно 172 ученици, во СОУ „Јане Сандански“ 150 ученици, во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, 26 ученика. Децидна беше директорката на СОУ „Коле Нехтенин“ дека се очекува зголемување и на досегашната бројка по вториот уписен рок кој е на 23 јуни.
„По завршување на првото пријавување во јунскиот уписен рок, како училиште регионален центар за стручно образование и обука со задовоство можам да кажам дека ние сме презадоволни од бројот на запишани ученици. Во моментот бројат на запишани ученици изнесува 172, меѓутоа има и 9 ученика кој што со минимални намалување на бодовите ќе влезат во профилите за кои што конкурирале. Сеушта има останати места, второто пријавување е на 23 јуни. Ги охрабруваме сите ученици кои што не се запишале од било која причина, да дојдат во нашето училиште, да им објасниме каде има слободни места и да ги насочиме кон профилот согласно нивното образование од деветтото одделение, основното образование. Според конкурсот, сеуште имаме места во сите профили со тоа што најмногу слободни места има во тригодишното образование и уште нешто да се дополни во некои од машинските смерови.“- Јованка Шалева, директор на СОУ „Коле Нехтенин“
Според директорката на ДСУ „Коле Нехтенин“ Јованка Шалева, слободни места сè уште има во сите образовни профили предвидени со конкурсот. Најголем број непополнети места има во тригодишното образование, како и во дел од машинските смерови, каде што се очекува дополнително запишување во следниот уписен рок
Во краток разговор, директорката на СОУ „Јане Сандански“ Марија Николиќ посочи дека електронското пријавување за вториот уписен рок е закажано за 23 јуни. На 24 јуни учениците треба да ја достават потребната документација во училиштето и да го комплетираат процесот на запишување. Од СОУ „Димитар Мирасчиев“ информираат дека првиот уписен рок е успешно реализиран, а заинтересираните ученици ќе можат да конкурираат и во вториот уписен рок на 23 јуни.
Дајана Сандева, М-Нет