Средба меѓу сегашните и идни првачиња во Кочани – одбележан денот на пролетта

Дечињата од предшколска возраст од детската градинка „Павлина Велјанова“ денеска беа во посета на ООУ „Кирил и Методиј“. На првиот ден на пролетта идните првачиња имаа можност да се запознаат со училишните простории, со дел од наставниците, а дечињата од одделенска настава подготвија приредба за добредојде.

„Целта на оваа посета е учениците да се запознаат, идните првачиња да се запознаат со нашето училиште, а учениците од одделенска настава заедно со своите наставнички им подготвија приредба за добредојде“ – вели Симова.

Мики и Мини маус ги пречекаа идните првачиња на вратата од училиштето, а понатаму имаат можност да влезат во училниците и да се забавуваат во холот на училиштето.

„Вратите ги отвораат Мики и Мини маус, потоа влегуваат во работилници во нашите училници со што ќе се запознаат каде тие идно ќе учат, потоа одат во забавниот дел“ – вели Ефремова.

Многу среќа, безброј емоции, и надеж дека дечињата со задоволство ќе одат на училиште. Педагогот од кочанската дентска градинка вели дека ова е прекрасна можност бидејќи некои од дечињата за првпат влеугуваат во училиште.

„Благодарни сме на ООУ „Кирил и Методиј“ што им овозможија на нашите дечиња да се запознаат со просториите во училиштето и тоа на првиот ден на пролетта.“ – додава Паунова-Стоилков.

Во меѓувреме денеска се пошумуваше, а во дворот на училиштето во Кочани, како и во подрчаните училишта во село Подлог и село Бели се засадија и цвеќиња со што се одбележи Денот на пролетта.

Лаура Стојанова М-Нет