
Фудбалскиот клуб Македонија Агино кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Куманово или Четврта лига, направи санација на теренот пред првиот натпревар од пролетната полусезона на домашен терен.
Како што информираат од фудбалскиот клуб направена е санација околу и внтре во самиот терен. Македонија Агино пролетниот дел го отвори на гостински терен против екипата на Четирце и истиот меч го загуби со убедливи 6:2.
Веќе овој викенд се играат натпреварите од 13. коло од ОФЛ Куманово група Б, а екипата на Македонија Агино на домашен терен ќе игра против Младост.
Екипата на Македонија Агино е на последното место со два бодови на своето конто, а Младост е на 5. место со 15 бодови и ќе води борба за плеј-оф за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север.
Александар Ванев, М-Нет