Соседот гради, општината вели делумно без дозвола, ѕидови високи и по три метри целосно ја затворија куќата на Иликовски од Виница

Ѕидови високи и по три метри целосно ја затвораат куќата на семејстово Иликовски од Виница. Велат дека соседот започнал да гради веднаш до нив, ѕидовите ги направил преку ноќ, со што се затвора куќата на Снежана и нејзиното семејство од сите страни.

„Ѕидот ќе го става три метри, четири соби ми затвара, па не е во ред. Овој ѕид го прават преку ноќ, сабота беше кога не работат институциите и не можевме да реагираме. На нас ни се затвара од сите страни, нека си ставе ѕид ама нека направи ѕид со нормална висина“ – вели Иликовска .

Дополнително се затвора и ввлезот, оти улицата која била за сите, соседот ја заградил во негово место. Иликовски останале ем без светлина, ем без улица и влез во нивната куќа.

Повеќепати вели реагирале во Општина Виница, но од таму до сега нема решение за проблемот на виделина. Бара под инто да се реагира и да се стопира изградбата на ѕидовите на соседот високи и по три метри.

„Десет пати сум сигурно одила во општината, градоначалникот не мрдна со уше. Што треба да направам јас, тоа се презема на време, сега што ќе прават со тој ѕид.“ – вели Иликовска

Од Општина Виница велат дека се запознаени со проблемот кој го имаат соседите на улица Петар поп Арсов. Градоначалникот Петков вели дека констатирано е дека има изградено ѕид без дозвола кој треба да се отстрани.

„Делот од оградата кој е од северната старана има одобрение за поставување на ограда и законски дозволена висина од 2.40 метри, од кои 1.80 е фиксна ограда. Факт е дека на лице место лицето има изградено повеќе и му е посочено дека треба да се отстрани. За ѕидот од другата страна нема издадено одобрение“ вели Петков.

Петков додаде дека во периодот кој следи лицето кое гради треба да го отстрани се она што е изградено без дозвола.

Лаура Стојанова М-Нет