Чешмеџиев, Глишиќ и Мурати нови играчи на Гостивар

Прволигашот Гостивар промовираше три нови играчи за новата сезона, откако потписи со Гостивар ставија Костадин Чешмеџиев, Дарко Глишиќ и Мевлан Мурати.

Екипата на Гостивар активно работи на ростерот за следната сезона во која се најавува атак на титулата во домашното првенство и излез во Европа.

28-годишниот дефанзивец последно застапуваше за екипата на Хаџер од Саудиска Арабија, на домашната сцена настапуваше за Работнички, Шкендија, Пелистер, Шкупи, Брера Струмица и Македонија ЃП, а на меѓународната настапуваше за Славија Софија и Септември Софија од Бугарија, за Влазнија во Албанија и за Вележ Мостар од Босна и Херцеговина.

Глишиќ во Гостивар пристигна од редовите на Вардар, а во својата кариера 32-годишникот го носеше дресот на Скопје, кичевски Напредок, Тетекс и Шкупи, додека пак надвор од Македонија настапуваше за Олимпик од Босна и Херцеговина, Динамо Тбилиси од Грузија, Септември Софија и Арда од Бугарија, како и за еипата на Доха од Кипар.

Поранешниот сениорски и младински репрезентативец Мурати во Гостивар пристигна од Работнички, а во својата кариера 30-годишникот има настапувано за тетовска Шкендија, Шкупи, Ренова и Работнички, додека пак надвор од Македонија беше дел од екипата на Партизани од Абалнија.

Со Шкендија има освоени три титули и еден Куп трофеј, додека пак Мурати беше дел и од онаа генерација која настапи на Европското првенство за младинци носејќи го дресот на Македонија, а за сениорската репрезентација има еден настап.

Александар Ванев, М-Нет