Спартак заврши на првото место во плеј-аутот на женска ракометна лига, Пелистер на второто место!

Заврши плеј-аутот во женската ракометна Суперлига со одигрувани на натпреварите од последното коло. Со ова ја имаме и конечната табела односно конечниот пласман на секоја екипа за сезона 2024/2025.

Екипата на Спартак заврши на првото место во плеј-аутот на Суперлигата со 20 бодови на своето конто, а на второто место заврши екипата на Пелистер од Битола, исто така со 20 бодови на своето конто, но тимот од Кисела Вода е подобар во меѓусебниот дуел и затоа е прв на табелата.

На третото место во плеј-аутот заврши екипата на Деспина, која освои 16 бодови, по 14 бодови освоија екипите на Ѓорче Петров 2 и Овче Поле од Свети Николе за четврто односно петто место.

На шестата позиција заврши Стружанка со девет бодовои, а на дното заврши екипата на Шампион без ниту еден освоен бод.

Александар Ванев, М-Нет