
Екипата на Силекс од Кратово која заврши на второто место во Првата македонска фудбалска лига и се бореше за титула обезбеди излез во Европа и ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Прволигашот од Кратово се подготвува и за европското лето, а веќе се претставени и две засилувања од странство кои ќе треба да го подигат квалитетот во редовите на Силекс, со цел успешно претставување во Европа.
Силекс ги претстави првите две засилувања за новата сезона, се работи за Мигуел Пиреш и Миљан Говедарица.
28-годишниот португалски интернационалец Мигуел Пиреш настапува во средниот ред и доаѓа од кипарски Дигенис Акритас Морфу. 31-годишниот босански интернационалец Миљан Говедарица настапува на левата крилна позиција, а во Кратово доаѓа од Славија Сараево.
Александар Ванев, М-Нет