
Со раце миризливи на земја и цвеќе, секое петочно утро на пазарот во Штип стои Јасмина Станкова од Сушево, жена која веќе 18 години живее меѓу цвеќињата што сама ги одгледува. На нејзината тезга има бугенвилии, лимони, мандарини и мали шарени бегонии, а секое растение за неа е како дете, бара грижа, заштита од студ и жештина и многу љубов за да порасне. Додека минувачите застануваат да купат по некое цвеќе или да пробаат од плодовите што слободно ги нуди, малкумина ја гледаат тивката посветеност скриена зад нејзината насмевка и испуканите раце од работа.
„Значи се, се се троше од цвеќето, моментално одат повеќе декорациите, правиме Бугенвилија, имаме мадарини, лимони. Да тие се јадат, слободно можат да се јадат, слободно можете да пробате доколку сакате. Па во цкеќара ги одгледуваме заедно со колешки. За мене нема тешко, секое цвеќе ми е убаво, лесно се одгледува, сепак тие се како деца, мараш да ги заштитиш од ладно, од жешко со вадење и така. Не, мислам дека не е скапо , за дрвце да го одгледаш, да ти биде украс во дворот, цел живот можам да лажам, 1500 денари не е скапо, една кутија цигари се 200 денари и за пола ден ги трошиме, а цвеќето ти е декоративно убаво. Љубител сум на цвеќе, 18 години веќе работам со цвеќиња. За мене најмногу омилено цвеќе ми е Бегонија, Нова Гвинеја, малите цвеќиња. Чувар куќа, велат дека е чува пари, но ако не работиш чувар куќа не ти ги чува парите, треба да работиш па да имаш пари.“- Јасмина Станкова од Ц. Сушево струмичко
Јасмина додава дека не е скапо да имаш дрвце што ќе ти го краси дворот цел живот, споредувајќи го цветот со пакла цигари кои згаснуваат за неполн ден
Иако скоро две децении поминала меѓу цвеќиња, Јасмина вели дека секој нов цвет за неа носи иста радост како првиот што го засадила. На пазарот во Штип, меѓу мирисот на цвеќе и гласовите на купувачите, таа тивко ја продолжува својата приказна.
Дајана Сандева, М-Нет