
Високи температури и изгор жешко лето. Македонија и понатаму во портокалова фаза. Граѓаните во Штип на терен само ако имаат обврски и тоа рано наутро. Поголем дел од нив ги почитуваат мерките предложени од страна на надлежните. Со чадор или шешир, под сенка со шише вода секој на свој начин се заштитува од топлотниот бран.
„Многу тешко се справуваме, иако чадор носиме не можеме. Се почитуваат мерките, се практикуваат ама сепак е премногу жешко. А, мора обврските да се завршат.“ – велат граѓаните.
На температури околу 40 степен продолжуваат и понатаму да важат препораките од страна на Влада за заштита од топлотниот бран. Бремените жени и лица над 60 години да се ослободат од работа, во градинките да нема активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а препораки има единиците на Црвен крст да и помагаат на старите изнемоштени лица и бездомници. Ваквите мерки се на сила до 25 јули, а делумна забрана има и за движење во шуми.
Лаура Стојанова М-Нет