
Убавото сонце, среде зима, а на почетокот од новата, ги натера граѓаните да излезат и да се раздвижат во центарот на Штип. Посакувајќи си успешна и плодна година, денес тие се прегрнаа и си оддадоа почит еден на друг. Велат дека со добра музика во домашна атмосфера тие ја испратија старата и ја дочекаа новата 2025, во која тие посакаа да има многу здравје и слога.
Оние кои имаат некого на страна, пред камерите на М-Нет посакаа да бидат живи и здрави, како и да им се вратат и да го продолжат животот овде.
Инаку, оваа година подготвената програма за дочекот од страна на општината ги сплоти граѓаните на шеталиштето во Штип. Тие играа, се забавуваа и среќно ја дочекаа новата 2025.
Лаура Стојанова, М-Нет