
И луѓето кои ќе згрешат една во животот или повеќе пати ќе се најдат во затвор, остануваат луѓе. Правото на помилување е човечко право и се отценува социјализацијата или ресоцијализацијата, истакна претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова во вчерашна посета во Штип. Вели дека основните забелешки на нашиот систем на помилување е многу кусиот период што го овозможуваат.
“Работата е во рацете на комисијата за помилување, претходност предлог од мин. за правда, се видов дури и со мин за правда. Кога човек ќе чуе помилување, ќе помисли целосно осободен, овие помилувања се одднесуваат за три месеци главно и еве изјавувам пред јавноста дека една од основнтите забелешки на нашиот систем на помилување или ако треба по прецизна да бидам на намалување на казните е многу кусиот период што го овозможуваат. И луѓето кои ќе згрешат една во животот или повеќе пати ќе се најдат во затвор, остануваат луѓе. Правото на помилување е човечко право и се отценува социјализацијата или ресоцијализацијата, откако ќе се најдете во затвор.“, вели Силјановска-Дафкова
Она што е најважно при помилувањето е судот, ниту мин за правда, ниту комисијата за помислување можат или смеат да играат улога на истражни органи, додава Силјановска- Дафкова
“Како се однесувате кон сторено дело, кон оние околу нас, кон обврските. Во овие луѓе, но и во претѕходните секогаш се наоѓале на кои што им биле простени претходните три месеци.“, додава Силјановкса-Дафкова
Oна што додатно го истакна претседателката Силјановска- Дафкова е тоа дека најважно е кој и како ја прави селекцијата во затворите за намалување на казната и кој го ниже досието. Ако внатре ги нема сите потребни елемнти, тогаш ниту правда, ниту луѓето можат да имаат претстава за луѓето.
Лаура Стојанова, М-Нет