Со триумф во Кочани, Брегалница на 23 мај го подига шампионскиот пехар – „сините“ пред портите на Прва лига

Со триумф во Кочани над Осогово, Брегалница на 23 мај ќе го подигне шампионскиот пехар на Градскиот стадион во Штип, кога ќе го одигра последниот меч против прилепска Победа.

„Сините“ на Влатко Костов буквално се пред портите на Првата македонска фудбалска лига, ќе им треба само триумф на незгодното гостување во Кочани против Осогово, со што на 23 мај по мечот со Победа, Брегалница ќе го добие шампионскиот пехар.

Ќе остане неизвесно за бараж позициите, Скопје и Шкендија Арачиново ќе треба да ги добијат двата натпревари кои им се до крај за да може да го задржат второто односно третото место, додека пак Охрид се надева дека ќе биде перфектен до крај, а притоа ќе се надева на „кикс“ на Скопје и Шкендија Арачиново за да можат „рибарите“ да бидат втори или пак трети и да играат бараж за Прва лига.

Овој викенд се играат мечевите од 29. коло на Втора лига, а потоа следуваат мечевите од 30. коло. Од 29. коло во живо на М Нет телевизија ќе можете да го следите натпреварот од Кочани меѓу Осогово и Брегалница.

Александар Ванев, М-Нет