
Каменица Саса против Тиверија Брера во големото финале од Купот на Македонија во женска конкунреција, кое е закажано за утре на стадионот во Ѓорче со почеток од 15 часот.
За струмичкиот тим ова ќе биде ново финале, бидејќи и минатата сезона играше во финалето, но истото го загуби од Љуботен, а сега Тиверија Брера ќе атакува на втора Куп титула.
Тимот од Македонска Каменица титула во Купот на Македонија освои во сезона 2021/2022.
Во меѓусебните дуели Тиверија Брера повеќе доминира, така што традицијата е на страната на тимот од Струмица, а досега три мечеви завршиле без погодоци, а според традицијата треба да се очекуваат најмалку два гола.
Интересно е што во 2026 година две екипи се соочија меѓусебно, во првото соочување на 21 февруари Каменица Саса дома беше подобра со 3:0, а пак на 3 мај во Струмица екипата на Тиверија Брера беше подобра со 3:0.
Сепак, сега е финале, каде тактичката замисла на тренерите сигурно е дека ќе биде на некое поинакво ниво за да се стигне до целта – освојување на Куп титулата.
Александар Ванев, М-Нет