Со сечење црвена лента официјално започна со работа вториот погон на комапнијата „Магна“ во Штип

Со сечење црвена лента, денеска официјално започна со работа вториот погон на странската комнапија „Магна“ во ТИРЗ Штип. Согласно презентацијата, во оваа фирма до 2027 година треба да има најмалку 600 вработени кои ќе бидат добро платени. Инвестицијата е вредна повеќе од 40 милиони евра, а за три до четири години се очекува извозот да достигне ниво поголемо од 100 милиони евра.

„Практично отпочнува и официјално со производство вториот погон на компанијата „Магна“ во Штип. Првиот е во Струга, вториот е тука. Ако биде сѐ како што треба ќе се радуваме и се надеваме на трет ваков производен погон. Од она што можевте да слушнете, станува збор за инвестиција која ќе биде повеќе од 40 милиони евра, во својот пик ќе вработува повеќе од 600 лица. Очекувам за три – четири години од денеска извозот да достигне ниво поголемо од 100 милиони евра само од оваа инвестиција.“ – вели Мицкоски.

Освен оваа, во ТИРЗ Штип за една година се очекува да инвестираат најмалку пет странски инвестиции и да има пет нови компании. На ваков начин драстично би се зголемил стандардот на граѓаните, а ќе се придонесе и за развој на градот, поголем број вработувања и солидни плати.

„Има неколку компании кои се заинтересирани да инвестираат овде во Штип, во овој ТИРЗ овде. Јас очекувам ако не сите најголем дел од нив ќе донесат одлука уште оваа година со што драматично ќе се подобри стандардот на штипјани.“ – вели Мицкоски.

Отворањето на оваа компанија во Штиппреставува стратешка инвестиција со што ќе се зајакне конкурентноста на државата како локација за старнски инвестиции.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет