Со реконструкција на тротоари започна уредувањето на влезот на Штип во населба Баби

Со уредување на тротоарите во населба Баби започна уредувањето на влезот во Штип. На површина од 300 метри ќе се постават нови павер елементи со што пешаците ќе добијат побезбеден простор за движење, а поинаков лик ќе добие и влезот на градот. Денеска увид во стартот на градежните активности изврши градоначалникот Иван Јорданов потенцираше дека ќе се продолжи и со втора фаза за реализација на проектот.

„Започнуваме со уредување на влезот од градот во населба Баби, се третираат тротоарските површини на главната сообраќајница Партизанска во должина во прва фаза од 300 метри, а веднаш потоа ќе се продолжи следниот месец и со останатите метри од наслебата Баби до наслебата Сењак 4. Станува збор за една фрекфентна крстосница која бара безбедни тротоари за пешаците кои транзитираат, минуваат на овој потег. Вкупната инвестиција на правата фаза е еден милион денари, а веднаш потоа ќе се пристапи кон остатокот од тротоарската површина“ – кажа Јорданов.

За една недела треба да заврши првата фаза од реконструкција на тротоарски површини во населба Баби и веднаш потоа да се пристпи и кон втората фаза за целосно уредување на влезот на градот. По целосно завршување на прокектот ќе се знае и вкупната инвестиција.

„Очекувам првата фаза, првиот потег 300 метри да заврши за една недела, поставувањето на павер елементите и третирањето на оваа површина ќе заврши за околу една недела “ – додаде Јорданов.

Ова е дел од програмата која се реализира за уредување на градежно земјиште во секоја од населбите во Штип. Јорданов посочи дека со Буџетот со кој располага општината ќе се инвестира во улици, тротоари, подобрување на постоечката инфраструктура со што ќе се создаваат посовремени услови за живот.

Лаура Стојанова М-Нет