
Со пригодна манифестација во дворот во ДМУЦ „Сергеј Михјалов“ Штип, денеска се одбележа патрониот празик на училиштето, односно 50 години од смртта на Михајлов. Целтта е одбележувањето на партониот празник од година во година да биде се подостоинствено, бидејќи Сергеј Михајлов заслужува такво одбележување.
„Денес го одбележуваме нашиот патронен празник, 50 години од смртта на Сергеј Михајлов. Денес се одлуживме да го одбележиме бидејќи 20 септемеври е денот кога тој замина и се надеваме дека во иднина ќе го направиме гала концерт“ – вели Ќосевски.
Во одбележување на денешниот ден учествуваа учениците од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип со сите инструменти.
Сергеј Михајлов се посветил на музиката и едукација на учениците во периодот од неговото доаѓање во Македонија, па се до неговата смрт. Тој бил педагот, музичар, композитор, режисер. Роден е на 31 август 1885 година во Карков во Русија.
Инаку, неколку јубилеи слави оваа година ДМУЦ Сергеј Михајлов во Штип. Оваа година се слават 100 години од првата опера која во Штип била донесена од страна на Сергеј Михајлов, 50 години од неговата смрт и 140 години од неговот раѓање.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет