
Обезбедени дополнителни финансиски средства за рализација на проектот изградба на брана на река Отиња. Со ова се работи на забрзување на самата динамика за рализација на овој проект во Штип.
„Мислам дека од првичната пресметка недостасуваа некаде околу два милиони евра. Со ребалансот се обезбедени и тие средства така да од шест дојде на осум милиони. Рековме ние дека наша стратешка цел ќе биде се што е почнето и заглавено да го одглавиме и да ја засилиме динамиката на реализација.“ – вели Мицкоски.
Дополнително ќе се работи и на бараната Рејчани, со што ќе се намалат трошоците за водоснабдување во Кочани.
„Апсолутно да, тоа е во нашиот фокус и тука не треба да имате дилема, бидејќи и за самото Кочани ќе значи помали трошоци за водоснабдување“ – додава Мицкоски.
Бараната на река Отиња е проект кој започна да се гради пред четири години.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет