
Со положување цвеќе на споменикот на Евреите во Штип денеска се одбележаа 82 години од депортирањето на Евреите. Преставници од Локалната самоуправа, од Влада, институции, делагации, здруженија и пријатели одадоа почит на 535 Евреи кои беа депортирани во логорот на смртта. Дополнително учениците со транспаренти покажаа дека овој ден никогаш нема да се заборави, но и дека не треба да се повтори.
„Денес заедно со претседателот на еврејската заедница и преставниците на институциите го одбележуваме датумот кој никогаш не треба да се заборави, но треба да ни биде поука за во иднина. Треба да имаме повеќе толеранција, соживот и да градиме едно општество без разлика на верската, етничката и било која друга припадност“ – вели Јорданов.
Денеска во салата на Правн факултет се одржа и комеморативна програма, а потоа и поворка која започна од просториите на Општината до споменикот на депортираните Евреи од Штип.
„Македонија и депортираните Евреи, секоја се потсеќа на жртвите на холокаустот. Денеска им одаваме почит на 535 штипски Евреи кои биле депортитани во логорот на смртта.
Инаку во текот на вчерашниот ден се одбележаа 82 години од депортирањето на Евреите во Битола.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет