Глетката беше страшна – очевидец сведочи за сообраќајката во Карбинци каде загина 34 годишен штипјанец

Срушена бандера, траги по улицата и жална слика утринава во селото Карбинци, каде ноќеска својот живот го изгуби 34 годишен штипјанец. Бил сопатник во возило „тојота“ кое нешто пред полноќ излетало од коловозот и завршило во бетонски столб.

„На 09.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во с.Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(36) од с.Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.“ – стои во соопштението од полицијата.

Потресени пред камерите на М-Нет телевизија беа и очевидците, кој со солзи во очите истакнаа дека глетката била страшна и многу тажна.

Ова е втора сообраќајна несреќа за само четири дена во Исткот од државата, со трета жртва. Во петокот на експресниот пат Штип Кочани, кај село Тркање во директен судир животот го изгубија две лица.

Лаура Стојанова М-Нет