
Се трошат последните залихи на овошје и зеленчук на пазарот во Штип. Трговиците велат се троши робата која останала од пертходниот петок, па утре на пазарот ќе нема ниту домати, ниту крастациви, ниту грав. Одлуката на Владата да ги замрзне дел од цените на овошјето и зеленчукот за трговиците не се оправдани, и затоа велат производство ќе нема.
„Намалија се мора да се придржуваме до одлуките на Влада. Ама немаме и роба, не смееме да купуваме на таа цена и немаме роба. Таа роба која што ни остана од неккна таа ја продаваме. Нова роба нема да има, на таа цена магазините не даваат роба. Нема ниту домати, ниту краставици, нема ниту грав, гравот сго земаме по 130 денари, а овде да го продаваме за 75 денари ние не можеме“ – велат продавачите.
За поголем дел од купувачите цените на пазарот не се променети, за друг дел делумно се намалени, ама за примањата на граѓаните ова е незабележително.
Со одлуката на Влада од вчера се замрзнаа цените на 11 водиво овошје и зеленчук меѓу кои и на кромидот, доматот и краставицата, гравот и бананата. Овие производи практично денеска речиси и да ги немаше на тезгите или пак беа од пониска класа. Се продаваат залихите кои осртанале, а пазарџиите велат дека со вакви цени производи ќе има дури кога ќе почнат да се произведуваат во македонските бавчи.
Лаура Стојанова М-Нет