
Со положување на свежо цвеќе, денеска во Алејата на народните херои во центарот на Штип се одбележа 83 години од загинувањето на народниот херој Славчо Стојменски.Овој голем патриот, иако многу млад, веќе револуционерно задоен, непоколебливо и бескомпромисно се вградува во темелите на револуцијата со исконска желба за слобода на својот народ. Верувал дека ќе ја доживее слободата, а со тоа ја пренел и пораката на следните генерации, да знаат, да се борат и да ја сочуваат истата. Во негова чест, именувано е и средното училиште во Оптштина Штип, штипската гимазија.
Инаку Славчо Стојменски е роден 16 октомври1921, година, а починал на 17 август1943) бил учесник во Народно Ослободителна Војска,народен херој на Југославија. Загинал во борба против бугарската фашистичка полиција на 17 авгус 1943 година, кога во Штип се одржувал состанок на Обласниот комитет на Комунисточка Партија Македонија.
Ева Тушевска, М-Нет