
Со положување свежо цвеќе, рецитал и пригоден говор денеска во Алеата на народни херои во Штип се одбележа 38 годишнината од смртта на Генерал Михајло Апостолски. Преставници од општината, политички партии, делегации, здруженија и пријатели оддадоа честа на генерал Апостолски,.
„Денеска овде пред спомен бистата на Михајло Апостолски одбележуваме 38 години од неговата смрт. Токму на овој ден 7 август престана да чука срцето на великанот Апостолски. Тој е роден на 16 номеври во Штип.“ – вели Мицевски.
Неговите воени вештини доаѓаат до израз за време на изведувањето на Февруарскиот поход а пресвртница се случува за време на подготовките за одржување на заседанието на АСНОМ каде што бил избран за член.
Неговиот лик и дело се олицетворение на идните генерации, неговиот аманет останува на младите за чување на татковината, сеќавајки се на него.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет