Од Алијанса за Албанците бараат како што посочуваат во соопштение, итно и целосно расветлување на случајот во кој двајца млади луѓе, на возраст од 21 и 23 години, тврдат дека биле физички малтретирани од припадници на полицијата и дека нивното возило било оштетено.
Фактот што самото Министерство за внатрешни работи започнало внатрешна контрола, според оваа партија, покажува дека тврдењата се сериозни и бараат брза, транспарентна истрага, без никаков обид случајот да се релативизира.
„Полицијата треба да биде гаранција за безбедноста на секој граѓанин, а не извор на страв. Секое пречекорување на овластувањата, неразумна употреба на сила или малтретирање мора да добие соодветен институционален и правен одговор.
Во оваа ситуација, молкот на ВЛЕН и на заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени е неприфатлив. Кога си дел од раководството на МВР, одговорноста не завршува со политички изјави. Потребни се дејствување, транспарентност и одговорност“.
Алијанса за Албанците бара, додаваат од таму, истрагата да заврши без одложување, резултатите да бидат јавно објавени и, доколку се утврди злоупотреба на службената должност или насилство врз младите, одговорните да бидат санкционирани без исклучок.
„Никој со униформа не може да биде над законот и никој на власт не може да се крие зад молкот“.
Текстот Полициското насилство мора да се истражи до крај, ВЛЕН не смее да молчи, велат од Алијанса за Албанците е превземен од МАКФАКС.