Со положување на спомен цвеќе, денес се одбележаа 85 години од бомбардирањето на Штип

Денес, 85 години по трагичното бомбардирање на Штип, Пред театарот „Ацо Шопов“ со положување цвеќе им беше оддадена почит на невините жртви кои го загубија животот во еден од најцрните денови во историјата на градот. Како што истакна Петар Мицевски ова е ден кога пред 85 години коритото на реката Отиња беше исполнето со невина крв. Мицевски беше дециден дека бомбардирањето зад себе остави разурнати домови, уништени маала и болка што генерации ја носат како тивок спомен.

„Денеска тука се собравме 85 години од бомбардирањето на Штип, бомбардиран од Германскиот фашистички окупатор. Поради непослушноста Хитлер нареди крвава пресметка со непослушниот Југословенски народ, а во тие рамки и со македонскиот. Затоа на 6 април 1941 година, без претходно објавување на војна, германскиот фашистички окупатор и неговите сојузници, ја нападнале територијата на бивша Југославија, а со тоа и на Македонија. Бомбардирањето е спроведено во 2 налета. Од овој прв налет на градот, беа ранети повеќе од 150 војника. Овие жртви останаа да лежат во коритото на река Отиња, облеани во крв и барајќи помош. Према кажувањето на очевидците, коритото на рекара отиње било преплавено во загинати и ранети војници. Половина час по првото бомбардирање, беше извршено и второто бомбардирање, при кое беа урнати и опустошени Кадидере, Горно Маало, Калузлија, Маалото под исарот. Беа уништени многу куќи и згради. На улиците лежеле убиени и ранети недолжни цивили, мажи, жени и деца. При нападот животот го изгубиле 54 лица, 22 лица биле тешко ранети, а 10 се водат какоисчезнати. Да и оставиме аманет и на идните поколенија, никогаш да не се заборави војната од 1941 до 1945 година, a посебно дс не се заборават жртвите за оваа слобода.“- Претседателот на Сојузот на борци – Штип, Петар Мицевски

Сведоштвата за бомбардирањето на Штип говорат за ужас кога улиците биле прекриени со невини жртви, мажи, жени и деца. Како што истакна Петар Мицевски, оваа трагедија е вечен аманет дека жртвите и страдањата од војната никогаш не смеат да се заборават.



Како што потсети Петар Мицевски, ова не е само сеќавање, туку силен повик никогаш да не се повтори ужасот и никогаш да не се заборави цената на слободата.

Дајана Сандева, М-Нет