Со огномети и емотивна песна започна концертот на Некст тајм во Карбинци

Со огномети и емотивна песна започна концертот на групата Некст Тајм вчеравечер во Карбинци во чест на празникот Спасовден. Многу посетители од блиските населени места, но и пошироко беа дел од настанот.

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов истaкна дека ги исполниле очекувањата, посетеноста беше голема, а публиката задоволна од настаните реализирани по повод празникот Спасовден.

Децидни дека ваквите настани ќе продолжат да се реализираат, но и ќе се работи за развојот на општината како и до сега.

Имено концертот започна со пред групата Ноу енд, а како специјални гости беше познатата група Некст тајм. Отаму посочиа дека ова прослава е од големо значење, затоа што општина Карбинци прославува 28 години од своето постоење и празник на село Карбинци.

Вчерашниот ден за општина Карбинци беше од големо значење исполнет со спортски настани дел од нив беше борењето, а пред концертот се реалзириаше и турнир во мал фудбал .

Лаура Стојанова, М-Нет