Штипјани не го започнуваат денот без рака апчиња и терапии

Лекови за срце, желудник, дијабетес се секојдневие за граѓаните во Штип. Повозрасните на терен велат, денот не почнува и не завршува без една рака апчиња. Користењето на лекарства е една од основните потребни на граѓаните и неопходно е секојдневната терапија и конзумација на истите. Речиси секој втор боледува, а тоа месечно се сведува на голема парична потрошувачка. Граѓаните на терен ги споделија своите заболувања и целосно разгледаниот случај станува загрижувачки.

„ Да користам, дибиетичар сум и 36 години, користам лекарства. Користам да, користам и тоа редовно користам, за дијабет“- велат штипјани.

Современиот живот од една страна создава нови промени, а од друга страна и последици. Речиси во голем процент луѓето со своите терапии едвај го поминуваат месецот, а самиот пензионерски живот е веќе сведен на големи отежнувања.

“ Кој не конзумира, веќе секој втор. Македонската нација е веќе болна и тоа да кажеме од самите стресови што ги живееме, а последните години не направија да мислеме за се. За болни нема кој, секој втор е со хипертензија и другите работи да не ги кажуваме. Се кажуваат на телевизија се што треба. Еве сега само што ја испив лористата од 100 Mg, а имам 62 години. Во пензија останав, а се чувствувам не способна за 62 години, е тоа е тоа „ – додаваат граѓаните.

Зголема е потрошувачката на лекови, а за тоа сведочат здравствените работници и вработените во аптеките. „Земи си еден дијазапам за да се смириш е често споменуваната реченица во македонските семејства“. Според фармацевтите, дијазапамите се дефинитивно нај користените анксиолитици, лекови за смирување. Така лани биле издадени околу 1,4 милиони рецепти, што е најголема бројка во изминатите 5 год. За нив се трошат милиони, а прку умерената употреба носи голем ризик.

Лаура Стојанова М-Нет