
Организирани 26 крводаритеслки акции од почетокот на годината во Штип и собрани 492 крвни единци. Денеска се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Од Црвен крст Штип посочуваат дека штипјани се хумани граѓани, редовно даруваат крв и со тоа помагаат во спасувањето на човечки животи. Најавија нова крводарителска акција која е закажана за 19 јуни.
„На 14 јуни традиционално се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Нашата следна крводарителска акција е на 19 јуни. Кога станува збор за штипјани несомнено е дека тие се хумани граѓани и херои кога станува збор за крводарителството. Досега се организирани 26 крводаритеслки акции и 492 крводарувања“ – вели Димитровска.
Во Кочани крводарителски акции согласно годишната програма за работа се организираат секој последен четврток во месецот. Согласно статистиката на Црвен крст Кочани, бројот на собрани крвни единици е задоволителен, со што и кочанчани се вклучуваат во групата на хумани граѓани. Денеска во склоп на одбележувањето на Светскиот ден на крводаритеслтвото, се доделуваат признанија на крводарители кои дарувале крв повеќе од петпати.
„Можам да кажам дека граѓаните на Кочани се хумани и даруваат крв. Денеска во Мултикултурниот центар ќе се одржи настан на кој ќе се врачат признанија на повеќелратни дарители на крв“ – вели Коцева.
Настаните кои се одбележуваат со цел одбележување на денешниот ден се со цел да ја зголемат колективната и индивидуална свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продуки.
Лаура Стојанова М-Нет