Со настап од 45 пијанисти од земјава и европа ќе се одбележи третот по ред фестивал „Golden Piano Talents”

Вечерва во Штиоп ќе се оддржи третиот по ред Golden talent piano festival со настап на пијанисти од земјава и европа. Станува збор за 45 пијнисти од 12 држави, кој претходно беа победници на големиот натпревар Golden piano talents и истите се отценети од девет светски пијанисти, истака уметничкиот директор на фестивалот Марија Максимов и додава дека вечерава публиката ќе ужива во три концерти од 18, 19 и 20 часот.

“Вечерва во Штип ќе се оддржи третиот по ред Golden talent piano festival на кој што ќе настапаат пијанисти од повеќе европски држави. Конкретно станува збор за пијанисти од 12 држави кој што беа победници во своите категории на еден истиоимен натрпевар кој се одржа на интернет golden piano talents и тие беа отценувани од светско жири составено од девет светски пијанисти и педагозио докажани во својата пијанистича афела. Вечерва ќе настапат 45 пијанисти поделени во три концерти. Во 18 часот ќе настапат пијанистие кои беа пријавени од Македонија со високите категории од тој натпревар и тие се на возраст од седум до 21 година. Ви 19 часот почнува рециталот и во 20 часот започнува големиот концерт на кој ќе настапат наградените пијанисти. „, истака Максимова

Целта на ваквиот проект е на едно место да се дружат сите натпреварувачи од земјава и европа и да се доближи класичната музика до штипската публика, вели Максимова.

“Целиот проект е осмислен на едно место да се соберат сите натпреварувачи од земјите и да се дружиме, а целта на нашето здружение е да ја доближиме класичната музика до сите народни маси во Штип

За пијанистите од европа ваквото дружење е од големо значење, затоа што тие се за прв пат во земјава и ова за нив претставува добро искуство.

“Јас доаѓам од Израел и овде сум три дена. Запознавме нови луѓе и тоа е многу убаво.“ велат натпреварувачите

„Jaс доаѓам од Швајцарија и сум овде еден ден, јас сум овде малку, но овде е многу убаво“, додаваат натпреварувачите

„Јас сум од Израел. Вчера настапив со мојот рецитал и беше многу добро искуство“, истакнаа натпреварувачите

Инаку, фестивалот ќе се одржи во уметничката галерија безистен од 18 часот. Трета година по ред Општина Штип излегува во пресрет за поддржување на културата во градот, но и средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ Штип, УГД, како и Завод и музеј Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет