На 12. октомври започнува Првата кошаркарска женска лига, на Истокот ќе настапуваат неколку екипи!

На 12. октовмри ќе започне новата сезона во Првата женска кошаркарска лига на Македонија со натпреварите од првото коло.

Кошаркарската елита на Македонија во женска конкуренција е поделена на група А со осум екипи и група Б со осум екипи.

Во група А ќе се натпреваруваат бранителот на трофејот Баскет Кам, потоа Бадел, Патриот од Делчево, Куманово Гризли, Крива Паланка, Вардар, МЗТ Скопје и Пробаскет.

Во групата Б ќе бидат Шкупи, Струга, Гостивар, Риниа, Охрид, Јанбор, Спорт Тим и Пониква од Кочани.

Во рамки на првото коло во групата А Бадел ќе се соочи со шампионот Баскет Кам, МЗТ Скопје против Куманово Гризли, Патриот против Крива Паланка во Делчево, Пробаскет против Вардар.

Во рамки на првото коло во групата Б ќе се соочат Гостивар со Спорт Тим, Јанбор ќе го пречека тимот на Пониква од Кочани, Риниа со Охрид, а пак Шкупи со Струга.

Во новата сезона штипјани нема да гледаат женска кошарка во сениорска конкуренција, откако Тим Арена од Штип одлучи да настапува само во младински категории.

Првите две екипи од групата Б играат во плеј-оф за влез во групата А со екипите кои ќе завршат на последните две места во групата А.

Александар Ване, М-Нет