
Со миење на гробовите на своите блиски, без палење свеќи и без раздавање, верниците денеска го одбележаа третиот ден од Горешници, празникот познат како Огнена Марија. Огнена Марија е празник посветен на Света Марина, маченичка и заштитничка од пожари, високи температури и болести. Според црковниот календар, таа се слави на 30 јули, а кај народот празникот има силна симболика поврзана со огнот и заштитата од природни несреќи.
Според народните верувања, овие три дена – од 28 до 30 јули – се сметаат за едни од најжешките и најопасни во годината. Се вели дека во тие денови „огнот сам се пали“ – па затоа се избегнува палење оган, готвење на отворен оган, дури и палење свеќи.
Но, во попладневните и вечерните часови од овој ден, граѓаните додаваат дека си одат на имиња. Како што велат денес одат на име кај Марина, Марија или Мартина
Инаку, „Огнена Марија – ден кога се молчи, се чисти и се почитува. За душите на блиските, но и за тивката сила на верата.
Иван Митев, М-Нет