
Македонскиот шампион Шкендија испиша историја обезбедувајќи европска есен, станувајќи вториот тим од независноста на Македонија што успеал во ова после Вардар. Тетовци вечерва триумфираа на гостувањето кај ФЦСБ во Букурешт со 1-2, по што обезбедија европска есен.
Домаќините први се заканија преку Бирлигеа, но Гаје беше сигурен. Шкендија одговори преку Бесарт Ибраими, а Чисоти во 28. минута донесе водство за ФЦСБ. Сепак, само пет минути подоцна Љатифи израмни на 1-1 по мешаница во шеснаесетникот.
Во вториот дел Шкендија доминираше и во 87. минута Ване Крстевски го постигна победничкиот гол. Во третото квалификациско коло Шкендија ќе се соочи со Карабах од Азербејџан.
Александар Ванев, М-Нет