Со изложба на оружје, опрема, возила во Штип одбележани 75 години од фомрирањето на НАТО

Со изложба на оружје, опрема, возила, музички точки, служење на војнички чај и војничко гравче како и тактичко технички вежби денеска се одбележа 75 годишнината од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство во НАТО. На локација кај градскиот стадион во Штип, граѓаните имаа можност одблизу да се запознаат со опремата и оружјето на Армијата. На денешниот настан во Штип присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петорва, која истакна дека со нашето членство во НАТО се гарантира сигурноста во државата.

„Со членството во НАТО државата е сигурна и безбедна земја, нашиот глас е слушнат, а нашиот придонес кон уште посилна колективна безбедност е почитуван и ценет. Армијата е во НАТО, но и НАТО стандардите се во Армијата. Минуваме низ сеопфатен процес на модернизација и опремување, но не забораваме дека подеднакво важно е инвестицијата во човечкиот капитал“- вели Петрова.

Денешниот ден беше со цел граѓаните во Штип, но и останати јавни личности да може одблизу да се запознаат со возилата опремата на штипската касарна, а можеа да проследат и техничко тактички вежби.

Лаура Стојанова М-Нет