Се чекаат резултатите од инспекцискиот надзор во градинките во Штип

Од понеделник дечињата во градинка може да одат само со три дози вакцини против пертусис. Оваа одлука ја донесе Државниот здравствен и санитарен инспекторат по големиот број на дечиња во Скопје заразени со голема кашлица. Во меѓувреме на терен во детските градинки се врши инспекциски надзор. Пред неколку дена инспекциски надзор се изврши и во детските градинки во Штип, каде се чекаат резултатите.

„Баш вчера целиот инспекциски надзор беше во сите клонови во детската градибка Астибо, го очекуваме решението да го добиеме. Имаше само неколку пет до шест потврди кои треба да ги донесат родителите бидејќи верувајте дека и од двете градиники и во вакциналните пунктови се создаде голема гужва, но претходно тие дечиња ги имаат уредно примено сите вакцини.“ – вели Митрев.

Дополнително Митрев посочи дека во детските градинки во Штип најголем дел од дечињата се со уреден вакционален статус и пред појавата на големата кашлица во Скопје.

„За сите оние ревакцини кои следуваат, редовно се примаат. Имаме донесено нови потврди од страна на родителите за сите дечиња дека имаат редовен вакцинален статус и во моментот така и функционираме. За да се прими дете во градинка мора родителите на почетокот да донесат потврда за уреден вакцинален статус. Доколку таа потврда не ја донесат ние воопшто детето не го примаме во градинка.“ – вели Митрев.

Во внатрешноста од државата над 95% од дечињата се вакцинирани за разлика од град Скопје, каде овој процент е едвај 50%. Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат, истакна дека родителите на децата во внатрешноста се поодговорни.

Лаура Стојанова М-Нет