Со игла и конец во рака, денес средношколците од текстилното училиште оддржаа работилница за зајакнување на женското претприемништво

Со игла и конец во рака, денес средношколците од СОУ Димитар Мирасчиев, оддржаа работилница за зајакнување на женското претприемништво. Проектот има за цел да им овозможи на соодветен начин да ги усовршат знаењата и да научат на каков начин можат да отворат свој сопствен бизнис. Директорката Марина Варадиновска, вели дека настанот е дел од низата работилници, кои допрва ќе следат во следниот период, а во училиштето се оддржува по втор пат. Пред камерите на медиумите таа останува благодарна што училиштето пружи модерни и нови можности за учениците.

,,Се оддржува втора по ред работилница, од низите работилници, кои што ќе следат дополнително следниот период, односно наредната учебна година. Целта на овој проект е зајакнување на женското претпиемништво со цел одржување на модата во Македонија. Проектот има за цел за сите учесници да им овозможи како на соодветен начин да ги усовршат своите знаења и вештини, како и да научат на каков начин можат да ги направат првите чекори во однос на креирање на свој сопствени бизниси.“, вели Варадиновска

Денешната работилница е само еден дел од големиот проект на текстилството, кој е предвиден во Македонија, рече словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, а во истиот ќе бидат вклучени поширок дел од жените од ранливи групи со цел да се зголеми грижата за околината.

Дека настанот има големо значење за училиштето, беа согласни и модните дизајнери и професорите, кои велат дека на истиот учениците имале можност да везат, а денес да старите традиционални изработки да ги пренаменат во секојдневната мода.

Инаку настанот се оддржа во работилницата на училиштето, а на истата особено фокусот беше врз везот во текстилството, кој од секогаш бил баран во модата.

Иван Митев, М-Нет