Штипската библиотека додели награди и благодарници на добитниците на наградниот конкурс ,,Песни и краток расказ“

9 награди и благодарници, денес им се врачија на добитниците на наградниот конкурс за песни и краток расказ во штипската библиотека Гоце Делчев. На конкурсот учество зедоа учениците од сите основни училишта, а истиот се одржува континуриано секоја година по повод светскиот дена на книгата 23 април. В.д директорот Драган Ѓоргиев, посебно горд што учеството оваа година ги надмина очекувањата, што значи дека во иднина конкрусот ќе биде поголем.

,,По повод 23 април светскиот ден на книгата и авторските правата, библиотеката организира мегуопштински литературен награден конкурс за песни и краток расказ. Ги собравме творбите и ќе бидат доделени награди за најдобрите, а другите ќе добијат пофалници. Карактеристично за овој ден започнувајќи од 1995 година овој празни ксе слави низ целиот свет, 23 април е тесно поврзан со двајцата великани од светската книжевност Вилијам Шекспир и Мигел Десервантес, кои со своите дела го задолжија човештвото.“, вели Ѓоргиев

Конкурсот е од голема важност за учениците вели библиотекарот Вилма Јованоа. Рече дека поради голема заинтересираност се размислува од следната година да биде на државно ниво.

Инаку, интерес оваа година имаше речиси од сите училиште на ниво на Општина Штип, а како што течат идните планови, проектот најверојатно од следната година ќе биде на државно ниво, што значи Штип ќе биде вистински центар и на книжевноста.

Иван Митев, М-Нет