Со желби за здравје и мир, граѓаните го слават празникот Свети Архангел Михаил

Денеска православната македонска црква го слави празникот Свети Архангел Михаил, а верниците во голем број ја посетија цркавата посветена на светецот во Штип. Сите со иста желба за овој голем ден, здравје и мир е најпотребно велат во моментот.

Се што се прави во животот се прави под закрила на нашиот ангел чувар, без разлика да станува збор за нешто добро или зло што се прави во животот.

„Уште од страиот завет па наваму се споменуваат јавувања на ангели и архангели кои постојат девет чина, на луѓето објавувајќи им разни вести и тајни. Архангелот Гаврил и се јавил на мајката за нејзиното бессемено зачнување.“ – кажа поп Добрица.

Празникот Свети Архангел Михаил се слави секоја година на 21 ноември, менува ден, но не и дата.

Лаура Стојанова М-Нет